Фудбал
ВИДЕО: Лацио не се шегува во трката за тронот со Јуве, мајсторски гол на Милинковиќ-Савиќ
Лацио по првите 45 минути води на тешкото гостувње во Бергамо кај Аталанта со 2:1, а доколку победи на овој меч, бодовната разлика во однос на Јувентус ќе остане само еден бод негатива. По 11 минути игра тимот од Рим водеше со 2:0. Првиот гол всушност беше автогол на Де Рон, а потоа на сцена стапи српскиот интернационалец Милинковиќ-Савиќ кој со „проектил“ постигна мајсторски гол за 2:0. Аталанта успеа да намали во 38-та преку Госенс. Се очекуваат супер интересни втори 45 минути. Со овој резултат Јувентус е прв со 66 бодови, Лацио втор со 65, Интер трет со 58.
Savic monstro ??? #AtalantaLazio pic.twitter.com/wK75H5Lmll
— lhxsss (@lhsjxxxx) June 24, 2020