Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Легендарниот УФЦ борец се појави на протестите во Калифорнија

Протестите за убиството на невооружениот Џорџ Флојд од полицијата во Минесота продолжуваат со денови низ САД.

Имаше немири и конфликти во многу градови – со полицијата, меѓу различни групи граѓани и сл.

Протести се случија и на плажата Хантингтон, Калифорнија и во еден момент се чинеше дека ситуацијата ќе ескалира.

Сепак, легендарниот УФЦ борец, Чак Лидел, исто така, се појави на протестите и одлучи да ја преземе улогата на мировник.

Лидел барем кратко спречи ситуацијата да ескалира, по што тој изјави за АБЦ 7.

„Едноставно е страшно. Насилството предизвикува поголемо насилство, нанесувајќи болка на другите, не е добро за никого…. Протестирајте онолку колку што сакате, но само смирено“, рече Лидел.

Чак Лидел е поранешен шампион во УФЦ во лесна категорија. Тој последен пат се бореше во ММА во 2018 година кога го нокаутираше својот вечен ривал Тито Ортиз.