Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Легендата на Арсенал и Франција клечеше на колено цели 8 минути во чест на Џорџ Флојд

Голем број спортисти во светот деновиве за време на мечевите, пред нивниот почеток, по постигнување на голови, клекнуваат на едно колено, кревајќи една рака. На тој начин му искажуваат почит на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој пред повеќе од еден месец беше усмртен од страна на полицаец при апсење. Поради ова во САД имаше големи насилни протести, а низ светот Флојд стана симбол во борбата против расисзмот.

Последен во низата кој го стори тоа е легендата на Арсенал и Франција, Тиери Анри. Тој е тренер на Монтреал Импакт, а на мечот со Њу Ингланд клечеше на едно колено 8 минути и 46 секунди. Воедно, Анри носеше и маица со натпис „ Black Lives Matter“, или во превод „Црните животи се важни“.