Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Лејкерс убедлив против Бостон, Далас прокоцка водство до 17 поени

Кошаркарите на ЛА Лејкерс стигнаа до 13 овосезонска победа во НБА лигата откако славеа против Бостон со 117:102.

Лејкерси овој пат релативно лесно го совладаа големиот ривал. Кошаркарите на Бостон беа конкурентни само во првото полувреме по кое имаа само пет поени негатива (60:55), но се беше решено во третата четвртина кога „езерцата“ направија 19 поени разлика (89:70). Предводник на Лејкерси беше Леброн Џејмс со 30 поени, Расел Вестбрук имаше 24 поени и 11 асистенции, а Ентони Дејвис имаше 17 поени и 16 скокови.
Кај Бостон најрасположен за игра беше Џејсон Тејтум со 34 постигнати поени.

Бруклин во Тексас, ги победија Далас Маверикс 102:99. Последната четвртина Бруклин, благодарение на Кевон Дурент, ја добија со 27:13. Клучен за победата беше шутот за три поени на Далас. Маверикс погодија само девет тројки од 46 обиди.

Дурент постигна 24 поени, Харден 23 поени, девет скока и 12 асистенции кај Бруклин, додека Далас го предводеа Лука Дончиќ со 28 поени и Кристапс Прозингис со 17 поени и 12 скокови.

Њујорк Никс без проблем го минаат гостувањето во Сан Антонио. Никс славеа победа 121:109. Ар Џеј Берет со 32 поени го предводеше Њујорк. Берет погоди седум тројки од осум обиди.