Фудбал
ВИДЕО: Лестер го надигра Челзи и сега е на врвот во Премиер лигата
Со победа од 2:0 вечерва Лисиците се пробоја на врвот на Премиерлигата, а дрим-тимот од Лондон не прикажа ништо.
Двата голови на „Кинг Пауер“ стадионот беа реализирани во текот на првото полувреме, Ндиди стрелаше во шестата, а Медисон во 41 минута.
Во вториот дел, Лестер пропушти шанси за повисока победа, додека Челси се обидуваше со полушанси, па иако постигна почесен гол преку Вернер, истиот беше поништен поради минимален офсајд. Со третата победа во низа во Премиер лигата, Лестер се искачи на врвот на табелата, па сега мирно ќе го исчекува расплетот на натпреварите кои ги играат ривалите во 19-то коло.