Фудбал
ВИДЕО: Летај, летај Кавани…
Каков само меч одигра Единсон Кавани попладнево против Тотенхем. При 0:0 судијата му поништи гол, Тотенхем потоа поведе, но овој играч воопшто не падна на психолошки план. Напротив одигра одлично и беше еден од подобрите на теренот. Тоа го покажа со голот кој го постигна за пресврт и водство на Јунајтед од 2:1. Голот воопшто не беше постигнат на лесен начин. Имено, Уругваецот „летна“ за со глава да ја удри топката, нешто што го можат само големите напаѓачки мајстори. Инаку, овој меч Јунајтед го доби со пресврт од 3:1.
Кавани има 34 години и се чини дека е ѕвезда која не блесна доволно силно. Но, каде и да играше, почнувајќи од Палермо, па Наполи, ПСЖ, па сега и во Манчестер Јунајтед остава длабока трага.
„Летечкиот“ гол на Единсон Кавани за 2:1 можете да го погледнете на следниот ЛИНК.