Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Летечки Роналдо, изедначи рекорд во Серија А од 1961 година

Роналдо со два гола беше главен играч на Јуве во победата на гостувањето кај Парма, Португалецот притоа израмни еден учинок од 1961 година.

Јуве до крајот на 2020 година има уште еден натпревар, што значи дека Роналдо има можност да го подобри сопственото остварување.

Ѕвездата на Јувентус ќе има можност да го надмине Стефан Ниерс, кој во 1951 година постигна 33 голови, а на прво место се наоѓа Фелисеу Борела со 41 гол од 1933 година, а следи Гунар Нордал со 36 голови од 1950 година.

Мора да се нагласи дека успехот на Португалецот е уште позначаен бидејќи е остварен на само 28 натпревари одиграни годинава.