Фудбал
ВИДЕО: Левандовски ја зеде правосмукалката во раце, па и направи одлична фризура на својата ќерка
Роберт Левандовски ги воодушеви своите фанови со објава на Инстаграм.
Левандовски покажа дека се истакнува и во улогата на татко и дека нема проблем да ја подготви ќерката за излегување кога сопругата не е дома.
Полскиот напаѓач се пофали со објава на Инстаграм која ги воодушеви неговите фанови бидејќи покажа како прави фризура за својата ќерка.
Со помош на правосмукалка успеал да ја направи фризурата каква што сакала неговата ќерка, а потоа решил да се пофали на социјалните мрежи.