Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лидс и Алиоски загубија од Брајтон

Лидс Јунајтед запиша уште еден пораз во Премиер лигата, влезе во лоша серија, резултатска криза, а за тоа потврда е денешниот пораз од Брајтон од 1-0 во Премиер лигата.

Клучниот момент се случи во 17. минута кога по една убава акција Мопеј реализираше за водство и победа на Брајтон од 1-0.

Пет минути подоцна Тросар ја погоди гредата од голот кој го бранеше Кико Касиља.

Лидс остана на 23 бода на 12-то место на табелата во Премиерлигата, а Брајтон со 17 сега напредна една позиција до 16-то место.

Вест Хем со 1-0 го победи Барнли со голот на Мајкл Антонио во деветата минута од мечот и со овој триумф „чеканите“ стигнаа до осмото место со 29 бода, додека Барнли остана прв над цртата за опасната зона со 16 бода.