Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул комбиниран со СЕДУМ гола го декласира Кристал Палас
Ливерпул славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 7-0 во 14. коло од англиската Премиерлига. Ливерпул уште еднаш покажа дека ќе биде главен кандидат за титулата во Премиерлигата.
Ливерпул ја продолжи успешната серија против Кристал Палас. Ова е седма победа по ред во најсилната англиска лига. А „Црвените“ ја зголемија предноста на чело на табелата и имаат 31 бод, шест повеќе од Тотенхем на второто место, но „Спарс“ имаат и меч помалку.
Мрежата на Гуаита ја тресеа Мане во 35., Фирмино во 44., Хендерсон во 52, Фирмино 68. и Салах во 81. и 84.минута.
Со оваа победа Ливерпул ќе ја зачува лидерската позиција на табелата и по 14. коло, додека Кристал Палас најверојатно ќе доживее пад од неколку места (12-та позиција).