Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул прими два гола, па потоа го згази противникот
Фудбалерите на Ливерпул во подготвителниот меч за новата сезона убедливо славеа против Блекпул со 7:2, иако по 33 минути губеа со 2:0.
До полувремето намалија на 1:2 преку Матип, а потоа во продолжението го декласираа противникот од Лига 1.
Мрежата на Блекпул ја тресеа Мане, Фирмино, Елиот, Минамино, Ориги, Ван ден Берг за победа од 7:2.
Премиер лигата почнува на 12-ти септември.