Фудбал
ВИДЕО: Ливерпул пропушти две 100% шанси во последните секунди против Свонси
Ливерпул доминантни против Свонси во секоја статистичка категорија, но крајниот резултат носи бодови за Свонси.
„Црвените“ никако не успеваа да го најдат патот до мрежата на Фабиански, а домаќините ја искористија единствената шанса која им се укажа и си стигнаа до три важни бода во битката за опстанок.
Клучниот момент на средбата се случи во 40. минута. 75 милиони фунти вредното засилување на одбраната, Ван Дајк лошо расчисти по еден корнер и му овозможи на Моусон да погоди за 1-0.
На крајот и среќата им го сврте грбот на „Црвените“ откако во 94. минута Фирмино ја затресе стативата.