Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лудо реми на „Сан Сиро“ – Рома освои голем бод кај Милан

Милан и Рома одиграа 3:3 во понеделничкото дерби во петтото коло во Серија А. Неверојатно ефикасен натпревар гледавме вечерва на „Сан Сиро“.

Натпреварот имаше старт од соништата за Милан, бидејќи по само две минути игра, практично од првата акција стигна до предност.

Милан трипати на оваа средба имаше предност и Рома трипати успеа да се враќа од негатива а тоа мора да им се признае како добра одлика.

„Росонерите“ остануваат лидери на табелата по пет кола со 13 бодови, два повеќе од Наполи и Сасуоло, додека Рома со осум бода е на деветата позиција. Ова беше 21 меч во низа за Милан без претрпен пораз во Серија А.