Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Луис Хамилтон удри во оградата во квалификациите за Големата награда на Австрија

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон доживеа вистинска катастрофа во квалификациите за Големата награда на Австрија.

Во текот на третото квалификациско коло, британскиот возач изгуби контрола над автомобилот и удри во заштитната шина.

За среќа, ударот не беше премногу силен. Заштитите си ја завршија работата и Хамилтон мина без посериозни последици.

Потврдено е дека Британецот е совршено добро и ќе си го најде своето место во утрешниот дел од програмата.

Квалификациите беа накратко прекинати поради црвеното знаме, но наскоро ќе продолжат, секако без Хамилтон, кој го заврши настапот.

Утре има спринт во Австрија, а во недела се трки.