Фудбал
ВИДЕО: Лути навивачи го фрлија во контејнер директорот на стадионот
Околу 30-тина украински навивачи на екипата на Десна од Чернихив го нападнаа директорот на стадионот „Гагарин“, Олександр Овчаренко. Овчаренко неодамна стана директор на стадионот на кој игра Десна и наводно сакал да му забрани на тој клуб да игра на стадионот.
Таа вест ги разбесне навивачите на клубот кои ја презеле работата во свои раце, па одлучиле Овчаренко малку да го „повозат“ во контејнер низ улиците на градот.
По овој сериозен инцидент веројатно ќе има последици за сторителите, а самиот Овчаренко веројатно и тоа како ќе ја преиспита одлуката Десна повеќе да не игра на стадионот Гагарин.