Фудбал
ВИДЕО: Мадридски „АС“ го состави идниот тим на Реал со Мбапе како најголема ѕвезда
Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во светот и ретко кој играч бира да ја одбие поканата на популарните „кралеви“.
Весникот „АС“ кој традиционално го фаворизира Реал Мадрид, го состави идниот тим на Реал со Мбапе како најголема ѕвезда.
Реал Мадрид еден ден ќе направи смена во генерацијата, бидејќи најголемите sвезди како Серхио Рамос, Тони Крос, Лука Модриќ и Карим Бензема полека влегуваат во падот на нивните кариери.
Мбапе веќе подолго време е желба на Реал, и нема дилема дека во наредните преодни времиња „Лос Бланкос“ ќе тргне по Французинот, а гледајќи во минатото „Кралевите“ она што го сакаат и го добиваат.
Според предвидувањата на А.С., кој традиционално е добро запознаен со настаните на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, составот на иднината треба да изгледа вака:
Лунин – Ашраф, Милитао, Варан, Регилон – Одегард, Рејнер, Валверде – Винисиус, Родриго, Мбапе.
Повеќето играчи на тимот веќе се членови на Реал Мадрид, додека некои се на позајмица во европските клубови. Инаку, сегашната вредност на овој тим е 620 милиони евра.