Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Македонец блеска во дресот на Вашингтон во НЦАА лигата

Македонецот Андреј Јакимовски блеска во дресот на Вашингтон во НЦАА лигата, или популарно позната како колеџ лига која се игра на целата територија на САД. На последниот меч против Прејри Вју Пантерс неговиот тим славеше со 90:62, а Јакимовски имаше учинок од 11 поени, четири скокови, една асистенција и украдена топка за 29 минути поминати на теренот. За овој период тој успеа да уфрли три тројки.

Андреј Јакимовски има 19 години, од оваа година е член на Вашингтон, претходно играше и за Торино.