Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонија со два гола од пенал, изнудени од Елмас оди на пауза

Добро започна натпреварот од второто издание на Лигата на нации. Македонија на пауза оди со два гола предност кои успеа да ги изнуди македонскиот бисер Елиф Елмас. По само две минути игра Македонија поведе. Харојан го фаулира Елмас, а главниот судија Пељто од Босна и Херцеговина покажа на белата точка. Алиоски мајсторски го измами Давид Јурченко и го постигна својот шести гол во 34 одиграни натпревари.

Во 36. минута Елмас по вторпат беше мета, па судијата покажа кон белата точка. Овој пат по невнимантелниот старт на Хамбарџумјан. Несторовски ја презеде одговорноста и со удар по земја ја погоди ерменската мрежа (2-0).

loading...

Македонија го трасира патот кон прв победа во второто издание на Лигата на нации. Натпреварот на „Тодор Проески“ се игра без публика поради коронавирусот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com