Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Македонија спаси глава и ќе може да сонуваме и понатаму за бараж за СП

75. минути мирна игра без голем број на шанси на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, за време на натпреварот Македонија-Грзија. Атмосферата се подгреа во второто полувреме кога беа постигнати и два гола, кои пак за среќа и донесоа и бод на Македонија.3

Во првото полувреме досаден фудбал кој диктираше дека ќе имаме реми. Повремени напади од двете страни, но нема посериозна шанса. Во 37 минута од натпреварот нешто поофанзивна игра на Македонија, но само неколку изведени корнери на нашата селекција, без сериозно да биде загрозен голот на Лориа. Ристовски во 42, минута имаше шанса со Пандев за погодок, но топката заврши неколку сантиметри до голот.

Во вториот дел, Николов имаше одлична можност за поведување, но голманот на Грузија вешто се снајде. Во 68 минута голманот на Македонија играше со рака надвор од шеснаесетникот и ја остава нашата селекција без Нестровски во остатокот од времето. Во 79. минута од натпреварот Грузија со погодокот на Кварацквели води преку прекрасен гол. Гостинскиот играч ја зема топката по левата страна, се ослободи од заканите и шутираше прецизно во нашата мрежа.

Пет минути подоцна Кварацквели имаше нова одлична шанса за двојно водство, но овојпат Шишковски одбрани, а Качарава стрела во празната мрежа, но бил во офсајд. Пандев во 87. минута имаше одлична шанса која не успеа да ја реализира. Во дополнувањето Алиоски ја вади Македонија од калта и грешките, од пенал беше прецизен и израмни на 1:1.

Македонија следниот предизвик ќе го има во Грузија во борбата за ЕП на стартот на ноември, а потоа следат две средби од новата сезона во Лигата на нациите, против Естонија (дома) и Ерменија (неутрален терен).

 

Advertisement