Фудбал
ВИДЕО: Македонија „спаси“ глава од шокантен пораз во Талин
Откако Трајковски промарши пенал во 67 минута од натпреварот и шутираше во пречката од голот, следуваа 20-тина среќни минути за Македонија. Минути во кои спасивме глава од шокантен пораз во Талин.
Во 80. минута од натпреварот, Пандев донесе надеж за нас. Погоди во мрежата по центаршут од десната страна.
Осум минути подоцна по изведен корнер, Зајков шутираше, топката се одби од еден играч и заврши во мрежата. Ова го донесе резултатот од 3:3 кои беа и конечни.
Поправен испит имаме токму против грузискиот национален тим в среда од 18:00 часот.