Фудбал
ВИДЕО: Македонски репрезентативец потпиша за Хелсинборг
Шведскиот тим Хелсинборг соопшти дека потпишал двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи, односно до 2022 година.
Договорот на дефанзивецот со Шкендија му истече на крајот од 2019-та година, па како слободен фудбалер се сели во шведската лига.
Бејтулаи кариерата ја започна во Тетекс, па продолжи во Шкендија, а за националниот тим на Македонија дебитираше во 2018-та година.