Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонскиот напаѓач му ги земал картоните на еден од најдобрите фудбалски судии, а по мечот откри зошто

Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ кој беше стрелец на еден гол во победата на неговиот тим Гозтепе од 2:1 на гостувањето кај Кашимпаша, направи несекојдневен потег. Имено, тој по мечот му ги побарал картоните на судијата Чакир, кој е еден од најдобрите, не само во Турција, туку и во Европа. По, мечот откри зошто го направил тоа. Имено, синот на Јаховиќ бил голем фан на Чакир, а по тој повод најдобриот турски судија испратил подарок за спомен – жолтиот и црвениот картон од натпреварот меѓу Гезтепе и Кашимпаша.