Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец низ солзи…„Го допревме дното, но и врвот – ќе бидам горд до крајот на животот“

„Кога свирна крај, право истрчав кај Горан, кај него таа прегратка ја споделив прв и после слајвето продолжи. Имам некои црни точки, не се ни сеќавам“

Вака пред камерата на ФФМ раскажува македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски кој е еден од „виновниците“ што Македонија заврши на Европско првенство.

Радоста во редовите на нашиот табор беше голема, а тоа најдобро го отсликува интервјуто на Стефан Ристовски за Фудбалската федерација на Македонија во кое не можеше да ги сокрие емоциите и заплака во моментите кога требаше да каже дека следното лето ќе игра на континенталнот собир.

„Бев заменет пред самиот крај, а судијата даде продолжение од четири минути и во тој момент си помислив дали е ова реалност дека уште четири минути не делат до Европско првенство. Кога судијата досуди крај прво го прегрнав Горан, а што точно се случи потоа не можам добро да се сетам. Како да имам „црни точки“ од тоа славје. Емоциите беа измешани, не знаев дали да плачам или да се радувам. Во селекцијата сум уште од првиот ден кога Ангеловски ја презеде клупата. Тука го допрев и дното и стигнав до Европско првенство. Ова е голем успех во една кариера. Горд сум што сум тука. Драго ми е за Горан, за слекторот, што веруваше од привиот ден. Ова го велам од срце. Минавме низ тешки моменти, Градскиот стадион беше константно празен, делење од фамилија, патувања… Успеавме и до крајот на својот живот ќе бидам горд Македонец“, рече репрезентативниот бек.

Македонската А репрезентација со победата во Тбилиси над Грузија (0:1) успеа да се пласира на своето прво Европско првенство кое ќе се одржи наредната година.

loading...

Facebook