Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонските и бугарски новинари утре ќе бидат разделени на натпреварот Македонија ЃП-ЦСКА за да нема инциденти

Бугарските новинари веќе пристигнаа во Скопје за утрешниот натпревар меѓу Македонија ЃП и ЦСКА.

Во своето живо вклучување, новинар од БТВ вели дека утре покрај навивачите разделени ќе бидат и новинарите поради како што вели за да се избегнат инциденти.

„Јас би додал дека грев е ако се дојде до инциденти меѓу новинари од двете страни, наспроти тоа што треба да го правиме и да се држиме професионално“, вели Валериј Генов, новинар од БТВ Бугарија.

Тој појаснува дека се очекуваат околу 60 навивачи на ЦСКА утре да бидат на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје.