Фудбал
ВИДЕО: Манчестер Јунајтед со голот на Касемиро се поблиску до Лигата на шампионите
Манчестер Јунајтед го победи Борнмаут со 0:1 во претпоследното, 37. коло во Премиер лигата и со тоа речиси го обезбеди настапот во Лигата на шампионите следната сезона. Стрелец за избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг во деветтата минута беше Касемиро (31). Кристијан Ериксен нафрли за бразилскиот играч за врска, кој се најде зад домашната одбрана.
Дефанзивецот на Бурнмаут, Маркос Сенези се обиде да ја расчисти топката, но тој само ја допре, така што таа повторно стигна до Касемиро, а тој атрактивно ја заби во мрежата од шеснаесетникот покрај немоќниот голман Нето, кој само ги рашири рацете и остана да стои на своето место.
What a goal for Casemiro 🔥❤️ pic.twitter.com/dIdjQCM0FS
— Semesta🫶 (@semesta_10) May 20, 2023
Ова беше шести гол за Касемиро за клубот од Манчестер во неговиот 48. настап, а додаде и шест асистенции. Тој во клубот пристигна во летото 2022 година од Реал Мадрид за 70 милиони евра. Тој потпиша договор до 2026 година со опција за продолжување на уште една сезона.
Манчестер Јунајтед стигна до 69 бодови и е на четвртото место кое води директно во Лигата на шампионите. Ливерпул одигра 1:1 со Астон Вила, па сега има три бода помалку од Јунајтед. Ливерпул до крајот на сезоната ќе одигра еден натпревар (Саутемптон), а Јунајтед два (Челзи и Фулам), што значи дека Јунајтед има доволно бодови за пласман во Лигата на шампионите. Борнмаут е на 14. позиција во Премиер лигата.