Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Манџукиќ пристигна во Милано, како беше пречекан?!

Марио Манџукиќ пристигна вечерва во Милано на лекарски прегледи. Откако ќе ги мине се очекува да потпише договор со „Росонерите“. Не се знаат деталите, но се појавија неколку видеа од неговото пристигнување во Милано. Според извештаите во италијанските медиуми, мал број навивачи го пречекаа, а оние кои беа таму порачаа „Гранде Марио“.
Ова ќе биде втор италијански тим за кој ќе игра Манџукиќ, претходно од 2015-та до 2019-та со голем успех го носеше дресот на Јувентус.