Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Манекенката направи хаос на патеката – прерано започна да сигнализира крај на трката

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел стигна до победа на вчерашната трка за Големата награда на Канада.

Фетел имаше предност во текот на целата трка која не ја испушташе и успеа да дојде до важна победа. Меѓутоа, трката ја одбележа еден неверојатен пропуст на организаторот, односно манекенката Вини Харлов која требаше да замавнува со знамето за крај на трката.

Сепак, на патеката настана голем хаос откако манекенката започна да замавнува со знамето на еден круг пред крајот на трката. Возачите не знаеа што се случува затоа што биле свесни дека до крајот на трката имаше уште еден круг. Фетел од својот тим бараше да му кажат што се случува и зошто се појави црно – белото знаме.

На крајот испадна дека организаторите направиле грешка и на манекенката им дадоа погрешна информација. На крајот најважно е тоа што не се случија никакви инциденти на патеката, и покрај тоа што беше многу блиску до катастрофа.

 

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com