Тајмаут
ВИДЕО: Марез ја утна работата – случајно откри кој играч си заминува од Сити
Скај Спортс на својот Јутјуб канал објави видео од гостување на фудбалерите на Сити, Менди и Ријад Марез. Двајцата фудбалери на „граѓаните“ учествуваа во квиз, а едно од прашањата гласеше: Кој играч на Сити најави дека после истекот на договорот ќе го напушти клубот?
Алжирецот одговори Давид Силва, но го спомена и Фернандињо по што Бразилецот стави рака на уста и почна да се смее.
Фернандињо во Сити пристигна во 2013 година од Шахтјор за 40 милиони евра и од тогаш одигра вкупно 292 натпревари и постигна 23 гола. Оваа сезона е стандарден и запиша 19 настапи во сите натпреварувања.
?️| Riyad Mahrez saying Fernandinho is leaving in the summer:
— City Chief (@City_Chief) December 24, 2019