Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Масовна прослава во центарот на Белград, Новак Ѓоковиќ повторно трпи критики

Новак Ѓоковиќ повторно е мета на критики, поради прославата во центарот на Белград. Имено, тој веќе 311 недели е на првото место на АТП листата, а пред неговиот ресторан „Новак 1“ во Белград се собраа стотици луѓе да го прослават рекордот.

Со тој успех, Ѓоковиќ го надмина предходниот рекорд од 310 недели на врвот на АТП листата што беше во сопственост на Роже Федерер.

Стотици навивачи му скандираа на Ѓоковиќ, без да одржуваат каква било дистанца, а дел од присутните не носеа ниту маски, иако во Србија се уште се на сила мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, меѓу кои и забраната за поголеми собири.