Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси остана замена, но влезе во игра и постигна 2 гола за Аргентина

Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси беше замена за Аргентина на пријателскиот натпревар против Јамајка, кој беше победен со 3-0. Напаѓачот се појави дури во 56. минута кога го замени Лаутаро Мартинез. До тој момент сино-белите водеа со 1-0 откако напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез постигна гол во 13. минута.

Сепак, Меси ја покажа својата класа и постигна два гола до крајот на натпреварот.

Во 87. минута доби додавање од Ло Селсо и погоди за 2:0, а само 2 минути подоцна го постигна третиот гол на натпреварот со директен удар од слободен удар.