Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси плачеше, не знам што да кажам, не сум подготвен за ова

Лионел Меси по 21 година заминува од Барселона. По се изгледа дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, иако на прес конференцијата изјави дека францускиот тим е само еден од неколкуте кои го бараат, па се уште не донел одлука.

На почетокот на прес конференцијата порача дека му е многу тешко.

-Не знам што да кажам. Не сум подготвен за ова. Тешко го поднесувам сето ова. Последната година навистина беше тешка поради ситуацијата од минатото лето. Јас и моето семејство верувавме дека ќе останеме бидејќи е ова мој дом. Ни беше прекрасно тука, но еве морам да кажам збогум, изјави Меси кој не издржа па се расплака за време на прес конференцијата.

Беше прашан и за заминувањето во ПСЖ.

-Се преговара, но ништо не е договорено, вели Меси, кој ја коментираше и фотографијата со Нејмар, Ди Марија, Паредес и Верати.

-Тоа беше случајно. Ги сретнав на Ибица и излеговме на вечера. Ме повикаа во куќата на еден од нив, се забавувавме и се фотографиравме. Се шегувавме, ми велеа да дојдам во ПСЖ, но сето тоа беше шега, изјави Меси.