Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси си поигрува со играчите во Ла Лига, „Сомбреро“ и техника го издвојува од Роналдо

Екипата на Барселона успеа да освои големи три бода во Примера и тоа со неверојатен пресврт кој го направи на „Аноета“. Каталонскиот гигант губеше со 0-2 по 34 минути игра, но како одговор следеа три гола во мрежата на Реал Сосиедад, за голема победа од 4-2 и зголемување на предноста во однос на Реал Мадрид.

Меси повтроно одигра совршен натпревар против Сосиедад со гол од слободен удар и добра контрола и техника цел натпревар.

Последниот погодок го постигна Меси со прекрасен удар од далечина што е негов 366-ти во првенството.

Тоа значи и нов рекорд во националните шампионати откако Меси го надмина досегашниот од 365 погодоци на легендарниот Герд Милер во Бундес лигата постигнат од 1964 до 1979г.