Тајмаут
ВИДЕО: Микаела Шифрин танцуваше и ја излуди машката публика
Американската скијачка ѕвезда Микаела Шифрин напорно тренира и чека да се врати на снегот.
Шифрин моментално е дома во Колорадо, но со интензивен тренинг сака да остане во некој вид физичка кондиција.
Јасно е дека за време на пандемија не може да оди на ски-центрите каде што би тренирала на снег, но Микаела најде други начини за тренинг.
Американката неодамна го загуби својот татко, имаше тешки моменти, но со помош на Џесика Дигинс, сонародничка и скијачка, таа сега разменува разни предизвици и се осмелува да танцува за фановите.
Секако, сè е објавено на Инстаграм, каде што Микаела има скоро милион следбеници и голема популарност, а со тоа и силни спонзори, кои често ги промовира на своите објавувања.