Фудбал
ВИДЕО: Милан и без Ибрахимовиќ прави рекорди, нова победа, овој пат „настрада“ Фиорентина
Нова одлична партија на „Росонерите“. Без главниот тренер Пиоли, кој е заразен со коронавирус, со неискусниот Бонера, стигнаа до нови три бода.
Фудбалерите на Милан попладнево ја совладаа Фиорентина со 2:0 со головите на Алесио Ромањоли и Френк Сеси.
„Росонерите“ ја продолжија низата со постигнат гол во италијанскиот шампионат на 29 натпревари. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во периодот 1972-73 година. Во следното коло Милан ќе играат против Сампдорија и ако постигне гол на овој меч ќе постави нов рекорд. Вреди да се напомене дека Милан денеска настапи без повредениот Ибрахимовиќ кој поради проблеми со мускулот ќе паузира две до три недели, а тоа значи дека ќе го пропушти и следниот меч.