Фудбал
ВИДЕО: Милан се справи со Беневенто, но грчевито ќе се бори за пласман во ЛШ
Екипата на Милан која во текот на оваа сезона, практично до вториот дел беше лидер, сега грчевито се бори да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Вечерва славеше со 2:0 против Беневенто и барем до утре ќе биде на второто место на табелата, додека своите мечеви не ги одиграат Аталанта, Наполи и Јувентус. До крајот има уште четири кола па Милан на секој меч мора да се бори за бодови со цел да обезбеди ЛШ следната сезона. Головите против Беневенто ги постигнаа Чалханоглу и Тео Хернандес.
Standings provided by SofaScore LiveScore