Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Минутите како години за фудбалерите на Менхенгладбах, наместо во соблекувална, останаа на теренот и го гледаа мечот Интер-Шахтјор

Неколку минути порано од оној во Милано, заврши мечот помеѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах. Германскиот тим загуби со 2:0, но и покрај ваквиот резултат се уште беа во игра за пласман во нокаут фазата, бидејќи на мечот Интер-Шахтјор немаше голови.

Наместо во соблекувалната, фудбалерите на Менхенгладбах останаа на теренот и на „таблет“ го гледаа преносот и последните минути од мечот во Милано. За нивна среќа ниту една екипа не успеа да постигне гол, па Борусија Менхенгладбах остана на второто место со 8 бодови, исто колку и Шахтјор, но сепак поради подобриот меѓусебен дуел, обезбедија пласман во следната рунда.