Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Мислат дека се чудаци, но тие се ретки легенди, Кајри Ирвинд и Шекил О’Нил со големо срце

Published

on

НБА легендите Кајри Ирвинг и Шекил О’Нил се во центарот на вниманието. Тие се доказ дека меѓу спортистите кои заработуваат милиони има навистина фантастични личности. Иако многумина го сметаат за чудак, сепак Кајри Ирвинг секогаш се труди да со ситници воодушеви многумина. Така беше и на гостувањето на Нетси во Чикаго. Ирвинг виде момче кое продава чоколадца, дојде до него и му даде едно купче со пари.

-Земи, за твоето семејство, му рече Ирвинг на момчето.

Слична работа направи и Шекил О’Нил. Шек во една продавница видел момче како купува веренички прстен и одлучи тој да го плати наместо идниот младоженец.  О’Нил секако и порано правел вакви работи во продавници.

 

Facebook