Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Модриќ доби овации на „Бернабеу“ – Пет причини зошто се одлучи да остане во Реал

Во пријателскиот натпревар против Милан, хрватскиот репрезентативец ги одигра последните 15 минути од натпреварот.

Лука Модриќ после два и пол месеци повторно го облече дресот на Реал Мадрид во пријателскиот натпревар и во победата нам Милан на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1. Во игра влезе во 77. минута од натпреварот на местото на Иско, заедно со цела група играчи на Реал, а навивачите го дочекаа со овации и го скандираа неговото име.

Откако Модриќ последен пат настапи во дресот на „Краскиот клуб“ (финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул) многу работи се случија. Со хрватската репрезентација стигна до финалето на Светското првенство во Русија на кое беше прогласен за најдобар играч, а после некое време Интер го обелодени интересот за негово ангажирање.

Сагата околу тоа дали Мидриќ ќе го напушти Реам и од Мадрид ќе се пресели во Милано траеше некаде околу десеттина денови, односно се до состанокот со претседателот Флорентино Перез каде беше договорено Лука да остане и да добие нов продолжен и подобрен договор со кој ќе биде „сместен“ меѓу нај платените играчи на Реал Мадрид.

Неговата одлука и не предизвика некое големо изненадување, и покрај тоа што од Интер пристигнуваа сигнали дека „Нероазурите“ сериозно се заинтересирани и го „чистат“ буџетот за да го доведат и да го испочитуваат финансискиот фер-плеј.

Мадридски „AS“, медиум коj најинтензивно го следи „Кралскиот клуб“, во анализата за одлуката на Модриќ наведе пет причини.

Подобрен договор

„Како одговор на Интер, кој се обиде да го примами Модриќ, Реал одлучи да му ја зголеми платата и да го доведе во ист ранг со најдобрите играчи. Интер му понуди шест годишен договор во кој четири години би играл за нив, а две години би поминал во Јиангс Сунинг кои се мнозински сопственици на акциите на „Нероазурите“.

Шансите за освојување на трофеи

„Потребно е само да се спореди што освоиа Реал и Интер за да се види дека Модриќ одлучи да си даде многу поголеми шанси за освојување на нај големите трофеи. И додека Интер од онаа сезона со Мурињо, не освои Лига на шампиони, Модриќ со Реал тоа успеа да го направи четири пати во пет сезони“.

Фамилијарен фактор

„Фамилиарнот живот имаше значително влијание на одлуката да остане. Во овие шест години откако пристигна од Тотенхем, неговата жена и децата потполно се навикнаа на животот во главниот град на Шпнија, а Модиќ не сакаше повторно да се сели“.

Стилот на игра на Лопетеги

„Реал го донесе Лопетеги на местото на Зидан, но што се однесува до стилот на играта, акцентот би требало да биде на поседот на топката. Имајќи го тоа на ум, јасно е дека Модриќ ќе има важна улога и треба да продолжи со истата или со подобра игра која му ја донесе златната топка на Светското првенство“.

Уште поважна улога во склоп на тимот

„Со заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, уште повеќе ќе се зголеми влијанието на Модриќ во соблекувалната. Тој и претходно беше еден од „главните“, но со заминувањето на „шефот на соблекувалната“ таа улога ќе биде уште поголема за него“.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com