Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Момчето требаше само да ја фрли паричка, но направи вистинско шоу

Натпреварот во првенството во Холандија меѓу РКЦ Валвијк и Венло го одбележа симпатичното детенце.

Детенцето имаше задача само да ја фрли паричка пред натпреварот за да открие кој ќе биде прво на центарот, а тоа го стори на посебен начин.

Наместо воздух, момчето ја фрли монетата далеку на теренот, што ги натера судиите и капитените на двата тима да се смеат.

Сепак, неговата мисија беше успешна на крајот и овој потег ги воодушеви апсолутно сите.