Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Морбидна снимка од Русија, гром удира во голман

Иако шансите да удри гром во човек се многу мали, сепак за жал и тоа се случува. Младиот голман Иван Заборавски (16), член на екипата Знамја Труда, го удри гром на тренингот во местото Орехово Зуево, во московскиот регион. Информацијата ја соопшти клубот преку официјалните социјални мрежи.

 

Младиот голман веднаш е пренесен во болница и се наоѓа на интензивна нега, а во клубот се надеваат дека ќе се опорави од ударот од гром. На социјалните мрежи се појави и снимка на која се гледа моментот за кој се тврди дека е токму тој кога гром удира во младиот Заборавски. Вистинско чудо е што голманот е жив.