Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Моторот повторно се претвори во ракета во Австрија

Исто како и минатата недела, и овој пат беше невозможно без несреќа, денес моторот на Маверик Виналес се претвори во проектил.

Во 12-от круг со брзина од 230 км на час Виналес реши да скокне од моторот кога виде дека кочниците на неговата Јамаха не функционираат.

Бидејќи Шпанецот се свртел на патеката, моторот го продолжил „слободниот лет“ и завршил во заштитниот зид. Трката беше прекината околу 15 минути.

Она што е најважно е дека Виналес веднаш стана и помина без повреди.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com