Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Можеше да биде херој на Неапол, Елмас против Јувентус во две минути, моменти и од соблекувалната

Елиф Елмас го освои првиот трофеј во Италија. Со Наполи во финалето по изведувањето на пеналите беа подобри со 4:2 против Јувентус. Ова е прв пехар за Елиф Елмас во Италија, додека за Наполи е прв по пауза од шест години. Последен пат пехар освоиле токму во Купот на Италија, во сезоната 2013/2014. Тој во последните моменти од мечот пропушти голема шанса и можеше да биде херој на Неапол. Сепак, тоа ќе се заборави бидејќи неговиот тим славеше на пенали и го освоија пехарот.