Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Можни злоупотреби во Боречката и Скијачката федерација, документацијата доставена до Обвинителството

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доставиле документација која оди во прилог на можни злоупотреби во Скијачката и во Боречката федерација, што неговиот Кабинет ја добил како преставки за работата на овие две спортски федерации. Агенцијата за млади и спорт, пак, повела дисциплинска постапка против самостоен инспектор, кој ја испитува работата на овие две федерации поради тоа што, како што велат оттаму, постојат сериозни индиции за одредени пропусти при вршењето на инсепкцискиот надзор.