Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Му дадоа 205 милиони долари, а тој го промаши обрачот при забивање

Центарот на Јута пред се познат како одличен дефанзивец и скокач, прави огромни проблеми на противници. Во нападот се потпира пред се на украдени топки и забивања. Но, Руди Гобер на мечот со Минесота, каде неговиот тим загуби со 116-111 имаше огромен пех. Успеа во еден момент да промаши забивање. Не само што го промаши, туку топката воопшто не го допре обрачот, иако центарот на Јута беше под самиот кош.

Сепак, се случува и на најдобрите. На крајот тој имаше солиден просек на мечот со Минесота од 18 поени и 17 скокови.

Инаку, тој пред само неколку дена потпиша нов петгодишен договор со Јута, вреден 205 милиони долари.