Фудбал
ВИДЕО: Му се смееше во лице на противникот, а бруталната казна стигна малку подоцна
Арсенал во иста недела успеа да ги победи двата најдобри англиски тима, Ливерпул и Манчестер Сити, но синоќа “Топџиите“ загубија од Астон Вула.
Голот на одлука падна во 27.минута по корнерот кога гостите навистина лошо се поставија при овој прекин, а особено тоа се однесува на Обамејанг. Имено, тој беше задолжен да го чува Тирон Мингс. Камерите го снимија како напаѓачот на Арсенал во лице му се смееше на противникот. Сепак, токму фудбалерот кој требаше тој да го чува малку ја допре топката, доволно да заврши до Трезеге кој со силен удар потоа го матираше голманот на Арсенал.
Ummmmm ? pic.twitter.com/GksOZlUTIQ
— SNM (@JackCook95) July 21, 2020