Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мурињо: Имам иднина без Јунајтед, овој клуб е минато!

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо конечно сподели мислење за неговиот престој во „Олд Трафорд“.

Тој првично беше бркан по улиците на Лондон, но одби да зборува. Меѓутоа, упорноста на англиските новинари резултираше и тој кажа неколку зборови за „Скај Спортс“.

Тие беа во неговиот ладен, па дури и малку арогантен стил, и се чини дека часови по напуштањето на колосот, тој го оставил периодот на чело на тимот зад себе.

„Манчестер Јунајтед има иднина без мене и јас имам иднина без Манчестер Јунајтед. Зошто треба да ди споделам чувствата? Зошто треба да зборувам за нив пред медиумите или пред навивачите? Крај! Се заврши! Манчестер Јунајтед е во минатото!“, вели Португалецот.