Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Мурињо направи шоу, сам си постауваше прашања на прес-конференција

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо направи вистинско шоу на прес-конференцијата пред натпреварот против Манчестер Сити.

Со оглед на тоа дека денес е последен ден од зимскиот преоден рок, Жозе реши да си го постави првото прашање и да одговори на него.

„Првото прашање, очекувате ли нов фудбалер до крајот на преодниот рок? Првиот одговор, не. Ајде да продолжиме. Второто прашање: Дали сте задоволни од направените трансфери? Да. Еве две мали прашања“ изјави Мурињо.

Тотенхем ги донесе Стивен Бергвин и Гедсон Фернандес оваа зима, но очекуваната замена за повредениот Хари Кејн не пристигна.