Кошарка
ВИДЕО: МЗТ ја доби драмата во Сараево против вечниот ривал Работнички

Вечните ривали се сретнаа во АБА 2 лигата. Мечот беше одигран во Сараево, а големото дерби го доби МЗТ Скопје кој славеше против Работнички со 84:82.
Ова е петта победа за МЗТ Скопје, додека Работнички има скор од две победи и шест порази. На табелата МЗТ се наоѓа во групата од шест тима, кои се наредени од второто до седмото место на табелата, додека Работнички се претпоследни.
Крстевски со 19, односно Стојановски и Бојиќ со по 14 поени го предводеа МЗТ до победата. Кај Работнички се истакнаа Питс со 20 поени, односно Младеновски со 17 поени и осум скока.
