Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Слобода Ужице во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија од Слобода Ужице со 81-70 на вториот натпревар од вториот турнир во АБА2 лигата.

Слично како и на претходната средба со Хелиос, која аеродромци ја доби минимално, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов одиграа исклучително лошо во второто полувреме, во кое противникот дојде до клучната разлика.

Третиот последен меч во Бања Лука, МЗТ ќе го има против Студентски центар од Подгорица. Овој натпревар е закажан за 24 јануари (недела) од 21.00 часот.