Други спортови
ВИДЕО: На Азаренка и се слоши за време на меч-Сето ова ќе го има на интернет
Викторија Азаренка се прости од Австралија Опен веќе во првото коло откако е поразена од американската тенисерка Џесика Пегула со 2:0 во сетови.
Овој меч одбележа еден детаљ кога и се слоши на Азаренка која избега од теренот во сенка за да може да дојде до воздух. Судијата веднаш повика лекарски тим, а кога ја прашаа што и е, таа не сакаше да каже.
-Не знам зошто прашувате за здравјето на играчите и поставувате толку прашања. Сето тоа ќе биде на интернет и луѓето ќе зборуваат според тоа што ќе го видат. Не знам зошто постои правило да морате да ја кажете причината зошто сте болни или повредени. Ако не сакам да зборувам за тоа, тогаш тоа е тоа, изјави Азаренка.